НЕМА ПОТРЕБА ОД СКРИНИНГ НА АЕРОДРОМИТЕ: Филипче не планира да воведе превентивни мерки поради смртоносниот вирус во Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Македонија засега нема да презема никакви превентивни мерки поради појавата на новиот вирус, од кој секој ден има сѐ повеќе заболени во Кина, а први случаи се забележани во уште неколку држави, меѓу кои и САД. Тој додаде дека ќе се чека на препораките од Светската здравствена организација која во моментов одржува кризен состанок на кој треба да се процени опасноста од потенцијално ширење на вирусот.

„Вчера имавме неофицијални разговори, со оглед на тоа што веќе има активности во Светската здравствена организација и се разгледуваат евентуални препораки за далечните земји каде што сега има сѐ почеста појава на заразени луѓе од овој вирус. Ќе видиме какви се информациите, контактираме со официјални лица од канцеларијата на Светската здравствена организација дали има потреба или препорака за некаков скрининг на аеродромите, но засега нема таква најава“, кажа Филипче, одговорајќи на новинарски прашања во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пренесува СДК

Вирусот за прв пат беше регистриран во декември во кинеската покраина Бухан, каде шти има и најмногу заболени. Досега се регистрирани девет смртни случаи од вирусот, а бројот на заразени расте. Сингапур и САД најавија зголемени контроли на патниците што пристигнуваат од Кина, а Русија ги засили и граничните контроли. Досега е познато дека вирусот се пренесува со директен контакт со заболено лице. Симптомите се налик настинка, покачена температура, кивање, кашлање, тешкотии при дишењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This