НЕМА ПОТРЕБА ПАЦИЕНТИТЕ ДА ДОАЃААТ РАНО НАУТРО ГЛАДНИ, РАБОТИМЕ И ПОПЛАДНЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ПАНОВСКА-СТАВРИДИС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најважна улога во превенцијата на КОВИД-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест, па затоа апелирам пациентите да ги користат за преглед и попладневните термини, вели директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска-Ставридис. За да се избегнат турканиците, амбулантата работи во две смени.

Најголем дел од пациентите по навика сѐ уште доѓаат наутро со што се прави непотребна гужва.

„Ако се надмине навиката за одење на лекар само наутро полесно би се спроведувале мерките за заштита од КОВИД-19. Наша цел е да има помалку гужва, пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга. Завршија времињата кога мораше на преглед да одите рано наутро гладни. Амбулантата работи до 19 часот, па и во попладневните термини може да добиете комплетен преглед, со лабораториски и дијагностички услуги“, вели д-р Пановска-Ставридис.

Апелот за користење на втората смена особено се однесува на жителите од Скопје, Куманово, Тетово, Велес и околните градови, кои имаат време да завршат работа на клиниката попладне и да си се вратат дома.

Од почетокот на коронакризата на Клиниката е направена реоорганизација на работата за да се избегнат или минимизираат непотребните контакти и на персоналот и на пациентите. Лекарите и здравствениот персонал кои прегледуваат во амбуланта се физички одделени од оние кои лекуваат во дневна болница или стационарните одделенија. Секој новохоспитализиран пациент се сместува во соба за изолација и таму го чека резултатот од брис со ПЦР метода. Коронакризата ја отвори и првата “Е-амбуланта“ која има за цел да ја олесни комуникацијата помеѓу лекарите од примарното здравство и лекарите од Клиниката за да се намалат непотребните препраќања, трошоци и малтретирања на пациентите со сомнителна хематолошка состојба. Воведени се и редовни дневни разговори со психолог, имајќи ја предвид целокупната здравствена состојба на пациентите од оваа клиника, комбинирана со психичкиот товар од карантинот и пандемијата.

„Посебно сме горди дека дури и при ваква состојба успеавме да направиме и алогена трансплантација кај пациентка со апластична анемија од несроден донор од Германија“, вели д-р Пановска-Ставридис.

На Клиниката за хематологија до сега не е регистриран случај на ниту еден позитивен на КОВИД-19 од здравствениот персонал, ниту пак од лежечки пациент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This