НЕМА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Субвенции за земјоделците ќе нема ако не произведат повеќе од 10% во споредба со претходната година – мразови, болести не го интересираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најверојатно ништо од животот кој Зоран Заев го ветуваше за земјоделците, новиот премиер на Република Македонија изгледа е решен да најде било каков начин и да ги скрати субвенциите на земјоделците, мерка на минатата Влада која сериозно ја разви и унапреди оваа гранка во Република Македонија.

 

Предизборните ветувања на СДСМ во кои се тврдеше дека доаѓа животот за сите сега не важат. Со новиот начин на субвенционирање земјоделците кои остваруваат помало производство ќе бидат казнети без субвенции, додека големите производители Заев ќе ги наградува на грбот на помалите.

Премиерот Заев во вторникот на гостувањето Телевизија 24 го откри планот за скратување на субвенциите на земјоделците. Како што кажа тој во моментов во Министерството за земјоделство финишираат плановите за ефикасното субвенционирање, тој кажа дека мора да има конкретна цел и конкретен ефект.

Заев кажа дека тие ветиле дури и зголемување за 10 милиони евра повеќе за субвенции, но доколку нивниот род бил за 10 проценти поголем, тоа би можело да значи дека земјоделците би биле криви доколку на пример падне град и уништи дел од родот. Тој дури ја даде како пример и Србија,каде родот бил поголем отколку во Македонија, повторно тука може да се каже дека земјоделците се криви ако поднебјето, климата и почвата во Србија даваат побогат род.

-Ќе го кажам житото, ако во Македонија се произведуваат од еден хектар жито три тона,  а во Србија тоа оди до шест тона, нешто не чини овде. Значи, ќе добие секој земјоделец догодина субвенција за десет проценти поголема, ама ако покаже барем десет проценти поголем принос од претходната година, изјави Заев во гостувањето на Телевизија 24.

Премиерот вчера во гостувањето на Топ Тема на Телма уште еднаш ја потврди својата решеност да ги скрати субвенциите за земјоделците. Многу од земјодецлите за неговата изјава „Нема субвенции братче ако не си остварил повисоко производство од лани“, велат дека влева несигурност за нивната финансиска состојба, бидејќи како што вели нивното искуство од минатото, едно невреме може да уништи голем дел од нивното производство, тие велат дека државата место да помага, во тешките моменти само ќе им одмага, според најавата на Заев.

-Нема субвенции братче ако не си остварил повисоко производство од лани“ изјави премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување во „Топ тема“ и уште еднаш потврди дека субвенциите во земјоделството ќе важат само за оние кои ќе успеат да остварат производство поголемо за 10% во однос на минатата година.

Владата на Заев нема да има слух за маката на земјоделците кои можеби нема да имаат повисоко производство од претходната година заради временските прилики, тие ќе бидат казнети од Заев со недобивање на субвенции.

Неукоста на Заев, или можеби неговата лукративна бизнис промисленост, излегува на виделина кога заборава дека родот во земјоделието е варијабилна појава и се разликува од година до година.

Давањето на субвенции само на најуспешните фирми значи „сечење на покусата нога“ на оние земјоделци кои оствариле помалку продажби во дадената година кои и онака се соочуваат со загуби, а без предвиденото субвенционирање би пропаднале, со што стапката на сиромаштија би се зголемила.

Ваквата логика води кон создавање на регионални моќници во земјоделието под чија капа би потпаднале помалите производители. Според досегашното работење на кланот Заеви кои по багателни цени откупуваат огромни индустриски капацитети, лесно е да се претпостави дека кланот својот бизнис ќе го шири во земјоделието создавајќи сопствени регионални моќници згаснувајќи го земјоделското производство кај помалите земјоделци кои егзистираат од него.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This