НЕМА ШАНСИ ЗА АМНЕСТИЈА: Џафери и Заев ја исклучија можноста за амнестија на луѓето инволвирани во настаните од 27.април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки – пренесе „Независен“

– Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев на прес-конференцијата во Собранието на годишнината од насилствата.

Доколку Заев, како што рече, помисли и на такво нешто, против него ќе се свртат пратениците, новинарите и камерманите, но и граѓаните.

– Законот мора да важи еднакво за сите, рече Заев.

Џафери, пак, вели дека нема место за размислување за таква опција (амнестија) затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

Претходно, околу 2.000 лица добија амнестија благодарение на законот кој го донесе владеачкото мнозинство, на затвореници осудени за кривични дела од областа на тешки деликти против имотот и здравјето на луѓето.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This