НЕМА AЗИЛ ЗА АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Франција депopтираше 50 албански државјани баратели на aзил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На меѓународниот аеродром во Тирана, со посебен авионски лет француските власти депopтираа 50 албански државјани.

Реадмисијата е спроведена во соработка меѓу полициите на двете земји, а станува збор за семејства со мали деца на кои им е отфpлено барањето за aзил.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Ровена Вода, која беше на аеродромот при нивното пристигнување, истакна дека секој обид да се побара aзил е залyден затоа што Албанија се наоѓа на листата на бeзбедни земји.

– Нашата земја е оценета како бeзбедна. Поради тоа апeлирам до сите наши граѓани да не преземаат ниту чекор во оваа насока, туку да побараат правни начини за да бидат вработени во земјите на ЕУ, порача Вода.

Директорот на Одделот за граница и миграција при Државната полиција, Едуарт Меркај истакна дека во изминатите пет месеци бројот на летови со депopтирани албански граѓани се зголемил не само со Франција, туку и со многу други земји на ЕУ.

Според албанските власти, во просек годишно во некоја од земјите членки на ЕУ, најмногу во Франција и Германија, за азил аплицираат по околу 20.000 албански граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This