НЕМИРИ ВО АТИНА: Грчката полиција се судри со средношколците во центарот на градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката полиција и средношколците се судрија денес во центарот на Атина за време на масовните демонстрации.


Грчката полиција и средношколците се судрија денес во центарот на Атина за време на масовните демонстрации, јавува Anadolu Agency (AA).

Околу илјада демонстранти, претежно средношколци, се собраа денес на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот Парламент во знак на протест против предложените измени на законот со кој се предвидуваат одредени измени во наставниот план за средно образование и приемните уписи на факултетите.

Протестите започнаа со максимални безбедносни мерки, а до инциденти дојде кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и молотови коктели врз полицијата.

Полицијата одговори со солзавец, а во интервенцијата учествуваа и грчките специјалци.

За време на немирите предизвикана е поголема материјална штета на продавниците и банките, а демонстрантите запалија и на улиците донесоа контејнери за ѓубре.

Немирите брзо се проширија и во другите делови на Атина, поради што бројните туристи имаа проблеми поради големите количини солзавец во воздухот.

Средношколците и минатата недела протестираа во Атина и го окупираа седиштето на Министерството за образование и верски работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This