April 20, 2024, 12:17 pm

Немојте да „паднете“ на оваа измамa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со зголеменото користење на социјалните мрежи зачестија и измамите на истите. Затоа внимавајте што објавувате на истите и кого прифаќате за пријател на ФБ, Инстаграм и друго

Изма мниците не мируваат тие на интернет смислуваат нови идеи, а еден од новите облици на измама е креирање на лажни профили на Фејсбук. Најнов тренд е атрактивни девојки да флертуваат со мажи на најголемата социјална мрежа на светот, а откако ќе ги убедат дека се „реални“ (нешто што често и не е така тешко), тие се обидуваат да ја искористат нивната наивност за некаков вид на измама.

Една таква изм ама откриле безбедносните експерти на “Avast” – група на изм амници креирале лажни профили на Фејсбук од атрактивни девојки кои што меѓусебно оставале пораки на профилите со цел да се добие впечаток дека тие не се лажни.

Откако ќе започнат да се допишуваат со „жр твата“, често се случува тие да побараат активација на камерата за видео-чет, или бараат инт имни фотографии со кои што потоа ги уц енуваат и бараат исплата на одреден паричен износ за истите да не бидат испратени до пријателите на „жр твата“.

Исто така, била забележана и пракса на барање од „жр твите“ да инсталираат одредени програми за допишување. Атракт ивните девојки бараат од својата жр тва да инсталираат апликација за „побезбедно и полесно допишување“, но жр твата наместо тоа, на својот телефон или компјутер ќе инсталира малвер со чија што помош измамниците ќе се обидат да украдат разни податоци – контакти, фотографии, пораки, информации од креднтни картички ако се достапни, геолокации и дури и снимање на разговори.

Овие податоци подоцна или се продаваат на дарк веб, или пак се користат за директна уцена и изнудување на пари од жртвата.

Ова е само еден од бројните примери на измами на социјалните мрежи, па безбедносните експерти секогаш предупредуваат корисниците да бидат максимално вни мателни кога комуницираат со непознати, затоа што доволен е само еден клик за работите да тргнат наопаку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This