НЕМОЈ НЕ ГО ПРОДАВАЈ МЕРЦЕДЕСОТ: Евтин предизборен популизам – Заев ветува средување на катастрофалните услови во здравството со купување на четири амбулантни возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо промоција на нови проекти за подобар живот на граѓаните, премиерот Зоран Заев неисполнувањето на ветените проекти пред парламентарни избори, се обидува да го покрие со празна реторика и најнизок вид на популизам, како што беше примерот со продажбата на Мерцедесот на државата и купување на амбулантни возила.

Последниве четири во здравството го имаме најцрниот период од постоењето на Република Македонија, смртните случаи се скоро секојдневни, а за жал најголем број од нив се бебиња и родилки. Зоран Заев најави дека ќе го продаде Мерцедесот на државата, а со тие пари ќе купел амбулантни возила. Продажба на истиот Мерцедес како ветување повеќе функционери на сега владеачката СДСМ дава и пред парламентарните избори, но потоа Зоран Заев кажа дека нема да се продава.

Самиот Зоран Заев кажа дека за Мерцедесот може да се земат најмногу 440.000 евра, со што може да се купат најмногу четири амбулантни возила. Заев исто така популистички во јуни оваа година, автомобил кој требаше само да се испере, како валкан го претстави како во лоша состојба, а иако претходно најави дека ќе го продаде, сепак реши да не го продаде.

– Набавната цена на „мерецедесот“ е 580.00 евра, ако го продадеме, нема да му земеме повеќе од 440.000 евра. Најверојатно ќе го користиме само за високи, меѓународни делегации. Тој е оставен во гаража, уништен, изгребан од мачки. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓаоваа прескапо возило, рече Заев во јуни оваа година.

Инаку Зоран Заев според неговата пресметка за цената може да купи најмногу четири амбуланти возила, бидејќи тешко е да се најде такво возило за помалку од 100.000 евра, како пример, возилото кое беше купено за Детската клиника во 2013 година, со целата потребна опрема во него чинеше 8.000.000 денари, или 130.000 евра. Експертите велат дека ова е само уште еден пример дека единствено што Заев тера како реторика е силен популизам, а не проекти кои може навистина да помогнат за животот на граѓаните. Тие велат дека четири возила нема ништо да променат во македонското здравство.

И луге кои се жестоки поддржувачи на СДСМ излегоа со голема критика за оваа популистичка најава на Зоран Заев, со реакција се јави Ивор Мицковски. Тој вели дека изјавата со Мерцедесот и амбулантните возила е најнизок вид на популизам.

-Срамота е голема тоа со мерцедесот и амбулантните возила. Најнизок вид на популизам. Починаа 5 деца и нема никаква инвестиција во здравство. Да, знаеме рано е, ама нешто може да се подобри веќе. Министерот за здравство е во политичка кампања, отсутен и оправдан од премиерот. Срамота е да се нема до волку осет заради глупи политички поени. Јак кикс, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Додека Заев силно на своите митинзи најавува купување на дури четири амбулантни возила, состојбата во здравството во Македонија станува се полоша и полоша, дијабетичарите се оставени без инсулин. Цвете Серафимовски, од здружението за детски дијабетес „Баланс МК“, вели дека инсулин фали во повеќе градови, и дека не му е јасно зошто нема. Тој објаснува дека на почетокот на месецот интервенирал во Министерството за здравство, од каде му било кажано дека инсулин веднаш ќе се достави во Скопје, кое е најкритично, а во останатите места како што ќе стига лекот така ќе го доставуваат.

-Нема инсулин во Битола, Охрид и другите поголеми градови. Наша претпоставка дека е проблем со добавувачите, кои согласно последниот тендер и договорот за набавка на инсулин, немаат обврска континуирано да доставуваат инсулин. Тоа значи дека ако овој месец нема, немаат никаква обврска да го достават, оти такво нешто не е ставено во договорот. Исто така немаат обврска да гарантираат за тоа дали е запазен ладниот ланец за достава на лекот, изјави Серафимовски.

Граѓаните коментираат дека досега нема ништо од ветувањата кои ги даде Заев, а дека овие популистички изјави ги сметаат само потценување на интелегенцијаа на лугето.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This