НЕНАДЕЕН СОСТАНОК: Лидерите на двете Кореи во прегратки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на Северна и Јужна Кореја Ким Јонг Ун и Мун Џае Ин изненадно се состанаа во пограничен град во демилитаризирана зона помеѓу двете земји.

На вториот состанок на лидерите на Северна и Јужна Кореја во последниве месеци, разговорите за мировните заложби и евентуалниот состанок на Ким Јонг-Ун со американскиот претседател Доналд Трамп биле прашањата за кои се говорело објави Би-Би-си.

Се вели дека средбата е дел од напорите да се овозможи одржување на самитот и средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Претседателот на Јужна Кореја лично ќе ја информира јавноста за исходот од состанокот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го откажа самитот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун закажан за 12-ти јуни во Сингапур, повикувајќи се на “огромен гнев и отворено непријателство”, се вели во соопштението на Северна Кореја од средата.

Трамп ја остави можноста за нов состанок, велејќи дека чека на Ким Јонг Ун повторно да покрене”конструктивен дијалог”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This