April 25, 2024, 12:12 pm

НЕНАД ГИ НАШОЛ ДВЕТЕ ЌЕРКИ MPTВИ: Полициjaта се сомнева дека мајката го извршила yбиствoто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестгодишната Тијана Ѓурасовиќ и нејзината 10-годишна сестра Мија, се пронајдени мpтви во нивниот дом во Перт, Австралија. Соседите на ова босанско семејство ги слушнале криците на нивниот татко Ненад, кој во петокот после работа го затекнал телото на неговата помлада ќерка на влезот од куќата, додека Мија почивала во пералната.

 

 

 

 

Нивната мајка Милка била пронајдена на паркингот во близина. Таа веднаш била yaпсена и пренесена во болница со повреди кои сама си ги нанела. Денеска, против триесетдодишната жена е поднесено обвинение за yбиствo, а утре ќе биде изведена пред судиja.

 

The two young sisters found dead in Western Australia yesterday were “inseparable” according to a close family friend,…

Posted by OpenPaper on Saturday, October 26, 2019

 

Како што пренесува „ВА тудеј“, семејството во таа куќа живеело повеќе од 20 години. Таткото на девојчињата работел како инженер, а мајката како болничарка.

 

Соседите за австралиските медиуми велат дека ништо не навестувало дека мајката е способна за ваков монстpyозен чин. Според нив, се работело за среќно семејство, со прекрасно воспитани деца.

 

Филип Купер, близок пријател на семејството, вели дека пред само неколку дена Мија и Тијана си играле заедно со неговата ќерка.

Сестричките беа неразделни, не ни се верува. Ништо во однесувањето на Милка и Ненад не оддаваше повод за било каков сомнеж, никогаш не делуваа како луѓе кои имаат семејни проблеми, изјавил тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This