НЕНАМЕРНО ЈА ИЗДАДЕ ЛАГАТА НА ЗАЕВ: Поддршката за минималната плата ќе биде привремена, Заев тера популизам!

Поврзано

- Advertisement -
Бранимир Јовановиќ, специјалниот советник за финансии на министерот Драган Тевдоски во фејсбук коментар кажа дека поддршката од владата т.е. буџетот за подигање на минималната плата е привремена мерка која нема да биде постојано дел од буџетот на Република Македонија
 Ова значи дека по наредба на Заев, Министерството за финансии добило налог по секоја цена еднократно да донесе мерка за подигање на минималната плата, колку да се каже дека СДСМ исполни барем едно ветување. Вистината ја открива Јовановиќ од чиј коментар се гледа дека ниту нему „не му е драго“, но мора да ја изврши наредбата.

- Advertisement -

-Поддршката за покачувањето на минималната плата е делумна и привремена, нема цело време да биде од Буџетот. Идејата е да нема отпуштања на работници во тој период додека се направат прилагодувања, напиша Јовановиќ.

Од популистичките мерки на Заев, од кои први на удар се пензионерите, кои не го добија ветеното покачување на пензиите. Допонително, за нешто повеќе од 2 месеци СДСМ  ја задолжи Република Македонија и граѓаните за стотици милиони евра. Пари од девизните резерви и парите од аукциите по основ на издадени хартии од вредност, исчезнаа.  Прашањето кое се поставува е Дали се ништат девизните резерви за по секоја цена да се исполни ова ветување на Заев?

-Министерот за задолжување Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Згора на тоа, според податоците што ги објавува НБРМ, девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се намалени од салдо 366,3 милиони евра на 189,3 милиони евра. Цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ се воспостави пракса и пензиите редовно да се зголемуваат по линеарен принцип, односно и најсиромашните и оние со највисоки примања да добиваат исто покачување, а се воспостави и пракса редовно во првите денови на секој месец пензиите да бидат исплаќани.

– Антиреформската влада на СДС ветува дека ќе дава помош за компаниите за да се зголемат платите, но не објасни дека истите тие пари ќе дојдат од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија. На тој начин парите собрани од сите граѓани ќе одат како помош за сопствениците на неколку компании. Така владата на СДС ќе ги помогне и збогати бизнисмените блиски до нив, а не работниците во текстилната индустрија, се вели во реакцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This