Необични новогодишни обичаи низ светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новогодишните забави и огномети се нормална традиција во испраќањето на старата и дочекување на новата година, но во различни земји пред да се поклопат стрелките на часовникот постојат различни обичаи.

nova-580x326

Во Данска на 31 декември се кршат чинии на куќниот праг. Веруваат дека овој обичај симболизира богат социјален живот и многу пријатели. За вистински да скокнат во Новата година, Данците скокаат од стол.

saat-580x363

На полноќ во Шпанија се јадат 12 зрна грозје коишто симболизираат 12 месеци во годината, а секое зрно ќе обезбеди среќа во текот на годината.

groyje-580x386

На Филипините веруваат дека на масата треба да има поставено предмети во кружна форма, бидејќи таквите предмети потсетуваат на кованици и се симбол на богатство.

krug-580x358

Во Јапонија веруваат дека за време на новогодишната ноќ треба цело време да се смеат за наредната година да им биде радосна. Романците за среќа фрлаат пари во река, а Швајцарците испуштаат сладолед на под. Во Франција се подготвуваат палачинки, а во Естонија на 31 декември јадат седум пати, бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе храна во изобилие.

poklon-580x386

Во Шкотска веруваат дека првата личност која во Новата година ќе биде гостин во некое семејство треба да донесе подарок, а Колумбијците со себе носат куфер со надеж дека во годината што следи често ќе патуваат

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This