April 26, 2024, 12:27 pm

НЕОПХОДНА ИТНА, ЦЕЛОСНА И ТРАНСПАРЕНТНА ИСТРАГА: Информацијата дека ракета го соборила украинскиот авион е многу серизона, изјави шведскиот премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведскиот премиер Стефан Левен изјави дека информацијата за можноста ракета да го соборила украинскиот авион во Иран е „многу сериозна“.

 

 

 

Во електронската порака до американските медиуми Левен наведува дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо и дека се согласиле дека таа информација укажува на неопходноста од итна, целосна и транспарентна истрага.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета во вторникот вечерта го соборила украинскиот авион и дека тој напад „можеби бил ненамерен“.

Според Трудо, канадските и сојузничките разузнавачки служби се согласуваат со овие наводи.

Американски претставници наведоа дека е  „многу веројатно“ дека иранска противвоздушна ракета по грешка го соборила авионот, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот, меѓу кои и 10 шведски државјани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This