НЕОФИЦИЈАЛНО ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ВОДАТ: По гласањето на изнемоштените и затворениците, ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ убедливо водат по денешното гласање на изнемоштените лица и затворениците. Големо мнозинство од граѓаните кои гласаа денеска, својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, со што најавена е голема победа во пресрет на утрешните избори – тврди порталот „Журнал.нет“

Затворениците, притворените, болните и внатрешно расселените денеска можеа да го остварат своето право на глас. Во казнено-поправните установи право на глас имаа 1882 гласачи, а бројот на лицата кои можеа да гласат во домашни услови е 5025.

Додека некои затвореници во Идризово се пожажиле дека ги нема на избирачкиот список,претставници на избирачките одбори кои го спроведуваа изборниот процес во затворот рекоа дека процесот поминал без проблеми.

За локалните избори регистрирани се вкупно 1.814.644 гласачи. Во 80 општини во земјата и Градот Скопје учествуваат вкупно 260 кандидати за градоначалници. Бројот на набљудувачи акредитирани од ДИК е 5011, а 373 од нив се странци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This