April 18, 2024, 11:50 pm

НЕОФИЦИЈАЛНО: Силјановска поднела кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ, ќе се гласа за вкупно 9 кандидати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата.

Нашиот извор потврдува дека професорката Гордана Силјановска Давкова по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател, испратила кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Лидер.

Покрај неа кандидатури се поднесени и од пратеникот Владимир Ѓорчев, Филип Петровски и од уште шест други кандидати кои се помалку познати на јавноста. Помеѓу нив има имиња на професори од Машинскиот факултет и Природно математичкиот факултет. Кандидатура поднел и еден поранешен градоначалник на Виница, како и претседателот на Комората за енергетика.

Како што дознаваме се очекува сите девет кандидати да учествуваат на Конвенцијата, која што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This