April 19, 2024, 12:08 pm

НЕО-НАЦИСТИ СЕ РЕГРУТИРААТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: За борбите во Донбас, британски организации регрутираат нео-нацисти како борци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неонацистичките групи кои учествуваат во борбите во Украина активно регрутираат британските екстремно десни активисти, предупреди водечкaта антифашистичка организација во Британија.

Се смета дека најмалку двајца Британци допатувале во источната европска држава во последниве месеци, регрутирани од луѓе поврзани со Азовскиот баталјон, озлогласената украинска фашистичка милиција, според антифашистичката организација ,,Hope Not Hatе’’.

Предупредувањето доаѓа само четири дена откако шефot на британската полиција за борба против тероризмот, Марк Роули, откри дека четири терористички напади планирани од екстремни десничари биле спречени во 2017 година, а екстремните десничарски групи граделе меѓународни келии и мрежи. Роули нагласи: “За прв пат имаме домашна, организиран, бела, супремацистичка, неонацистичка терористичка група која се обидува да планира напади и да изгради меѓународни мрежи “.

Според ,,Hope Not Hate’’ групата наречена Мизантропска дивизија, која е поврзана со баталјонот на Азов, соработува со претставници на екстремно десничарските групи со седиште во Велика Британија, а соработуваат и со терористичката организација Национална Акција која Полска ултра националистичка група сместена во Лондон, целта е регрутирање на доброволци за војната во Украина.

Во февруари, Дарен Озборн беше осуден на доживотен затвор откако беше осуден за терористички напад врз муслиманите во Финсбери Парк, во северниот дел на Лондон, во 2017 година. Поротата слушна дека тој стана радикализиран во текот на само неколку недели од содржината објавена на интернет.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This