Неписмен еден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без сомнежи Македонија е под власт на неписмена група граѓани, кои од образование го знаат само значењето на големиот одмор во основно училиште

Дека Македонија крадела историја, досега можевме да слушнеме само од „непријателите“ на македонизмот како Красимир Карачанов, Мицотакис, Каменс и ултра-десничарите „Златна Зора“ во Грција. Дека сме краделе историја слушавме и од терористите на УЧК.

Од овој аспект, слободно можеме да кажеме дека Зоран Заев со сигурност има нанесено поголема штета од терористите на УЧК, Златна Зора, Каракачанов и Каменос комбинирано.

За прв пат во историјата на било која нација во светот, првиот човек на администрацијата отворено зборува дека неговиот народ крадел историја. Но, тоа може да го каже само неписмен човек.  На пример како Заев, човек кој читал книги дека Украинците потекнувале од Сумерите. Од Сумерите, ви се молам – од Месопотамија.

Фрлам кладба дека Зоран Заев во својот досегашен живот нема прочитано повеќе од неколку стиха Македонска историја. Тврдам дека вкупно нема слушано повеќе 15 минути предавања по историја. Просто, неписмен.

Но, не било до неговата писменост објаснува тој на својот ФБ профил, туку вината била кај Груевски. Како и за се останато. Секогаш кога ќе се случи куршлус во државата за која ниту тој „вождот“ ниту неговите гавази немаат соодветен одговор, виновен е кој друг ако не – Груевски.

Демек, во интервјуто за грчка „Алфа“ нашиот вожд не „вадел“ од изолацијата во која не внел Груевски додека ја промовирал нашата историја, па тој решил да каже дека сме ја краделе историјата за на тој начин им се додвори на Грците. Од брука во резил.

Туку, се гледаме на следниот прес…

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This