,,НЕПОСТОЕШЕ” АМА СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ ЦЕЛА: 90 проценти од Тиранската платформа станаа реалност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влегувањето во сила на Законот за двојазичност значи и исполнување на дури 90 отсто од барањата впишани во тиранската платформа која како божиќна честитка во форма на ултиматум беше испратена до македонските политичари за формирање на Влада во 2016-та.


Составена од седум точки Тиранската платформа како пишан документ воопшто не постои на македонски јазик. Сепак сите услови за две години од доаѓањето на власт на СДСМ речиси во целост се исполнети.

Постигната е целосна рамноправност која беше побарана уште со Охридскиот договор – спроведена мултиетничност во Уставот каде Албанците се сметаат за државотворна нација. Откако спикерот Џафери без потпис на претседателот го објави законот за јазици, се исполни и барањето за целосна јазична еднаквост – употреба на албанскиот јазик на сите нивоа и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право.

Иако со добивањето на мандатот од Иванов, Заев даде гаранција за унитарноста, суверенитетот и интегритет, но и непотчинетост на Македонија пред друга држава, како и дека никаква платформа нема да биде услов за формирање влада….сепак со ставањето на брза лента на сите албански барања уште еднаш се демантираше самиот.

Со пазарот со БЕСА и Алијанса за впишување на етничката припадност и државјанството на Албанците, кое Заев го исполни – сега ќе се менуваат дури пет закони за да се инкорпорираат нивните барања.

Со уставните измени кои парламентарното мнозинство глатко ги изгласа менување на највисокиот правен акт се отвори и патот за сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат мултиетничноста…нешто што Заев тврдеше дека нема да се менува.

60-те албански интелектуалци побараа Собранието да усвои резолуција со која ќе се осуди геноцид врз албанскиот народ во периодот од 1912- 1956, единствената неисполнета точка од платформата.

По рамковен договор се вработени Албанци во сите државни институции., а обезбедени се и повеќе пари за општините со албанско население. Формирани се албански културни институции на централно и на локално ниво.

Во тиранската платформа беа опфатени и неколку судски случаи и со првосилни судски одлуки – „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Диво Насеље”, за дел од нив процесите веќе се вратени на почеток.

Албански претставници беа вклучени и во решавањето на спорот со името
И постигнување на добрососедски односи со Бугарија, кои Владата на Заев експресно за една година ги постигна. Во делот за добрите односи со соседите, зголемена е и соработката со Косово, беше овозможено минување на границите само со лични карти, неодамна беше објавен и проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а во собранискиот пазар за двотретинско мнозинство и Косово официјално и уставно стана петтиот сосед на Република Северна Македонија.

За помалку од три месеци треба да биде избран и новиот шеф на државата, а со тоа се оживуваа и идејата за консензуален кандидат на владиниот двоец – СДСМ ДУИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This