НЕПОТИЗАМ ВО ВЛАДАТА: Кумот на Рашковски зема илјадници евра месечно за услуги за кои владата веќе плаќа свои вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата власт иако најавуваше како што тие велеа претходно дека ќе ги скрателе непотребните трошоци, сега за една работа плаќа на две места. Непотизмот на новата владеачка гарнитура се покажува на дело. Дејан Костиќ, кум на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, сега добива илјадници евра месечно за услуга за која во Владата веќе има вработени кои земаат плата.

Додека граѓаните чекаат покачување на платите кои беа ветени од премиерот Зоран Заев, гледаме само задоволување на желбите на луѓе блиски до новата власт. Дејан Костиќ, кој како што веќе е познато во јавноста е кум на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ќе ги работи сите правни работи во Владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување инфоформации и други работи кои веќе ги работеа вработени во Владата, но сега ќе бидат под ингеренции на неговата адвокатска канцеларија, со која Владата склучила договор кој вреди илјадници евра месечно, дознава нашата редакција од извори од Владата.

Тоа претставува двоен трошок што директно оди на штета граѓаните, кои се уште ги чекаат големите ветувања на Заев кои ги даде пред изборите, а сега ретерира од нив.

Пред 10 дена од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ ветуваше реформи, а сега гледаме само антиреформи, уназадување, заплашувања и притисоци спрема граѓаните. Од таму велат дека ветуваа транспарентност, а сега кумовите на кланот Заеви дивеат низ институции. Од партијата порачаа дека институциите не смеат да бидат под притисок на неколку луѓе од власта, државните службеници не треба да се тресат и да се плашат од луѓето на Заев и Рашковски. Република Македонија не е ничија приватна сопственост и СДС не смее да се однесува кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта. Ова нема да трае долго. СДС нема да биде долго на власт, кажа тогаш Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Непотизмот секогаш бил главна карактерна особина на СДС, но Драги Рашковски ги надмина сите непотистички потези на СДС. Овој документ покажува дека Владата на Република Македонија, преку генерелниот секретар Драги Рашковски, го овластила адвокатот Дејан Костиќ, кој е кум на Драги Рашковски да свикува управни и надзорни одбори, да оди по институции, да ги притиска, да се однесува некултурно, буквално да дивее по македонските институции, да навредува и омаловажува. Значи кумот на Драги Рашкоски се прави газда по македонските институции. Срамно, недостоинствено и неодговорно. Само затоа што Рашковски му е кум. Па кај го има ова? Па кој е должен да го трпи ова самоволие? Што се замислуваат овие луѓе од владата? Ќе следува одговорност за секого кој покажува вакво самоволие!, изјави Честојнова.

Граѓаните се гневни што Заев директно од буџетот на Република Македонија, пари на граѓаните, плаќа свои партиски послушници за услуга за која нема потреба, бидејќи истата веќе долги години ја работат вработени во Владата, а од ветувањата за повисоки плати се уште нема ништо.

Граѓаните прашуваат дали ова е животот кој новата власт го ветуваше или животот дојде само за партиските членови на СДСМ и луѓе кои беа дел од Шарената револуција, од едни станаа пратеници, а голем број други пак добија вработувања во Владата на Република Македонија.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This