НЕПОТИЗАМ ИМА ВО СЕКОЈА ПОРА ОД ОПШТЕСТВОТО: СДСМ вработи 4.000 партиски војници за два месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку пати велите дека веќе никој од власта не се јавува по судството никој не се јавува, не е така, сами знаете дека не е така и тоа нема да го зборувам во делот на политичарите. Граѓаните не се задоволни со нивните предмети во судството јас зборувам за целото општество и тоа е што покажува дека процентот на незадоволство расте кај граѓаните, не е само кај политичарите, ова вечерва во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

 

 

 

-Јас сакам да има подобро општество и ова не го кажувам како фоскула, граѓаните се разочарани и бараат да излезат и да си заминат бидејќи политиката е влезена во секоја пора од општеството. Ние треба да направиме нова иднина во Република Македонија ние гледаме колкав бран на луѓе си заминуваат од оваа држава. Оваа држава е на сите граѓани на Република Македонија и треба да се борите сите заедно да направиме нешто подобро. Јас можам да зборувам цела емисија за сите црни работи кои ги прави оваа власт во изминативе три години, но мора да има малце позитивни работи за граѓаните. Еве доаѓаат избори ќе им понудиме програма и граѓаните ќе си изберат она што сакаат, вели Мисајловски.

Тој додава дека во изборната кампања на СДСМ тие никогаш не кажале дека ќе го сменат името, никогаш не велеа за сите овие неуставни работи што се случија, но ветуваа плати, километри, а ништо не се исполнило.

-Имате четири илјади вработувања за два месеци за да ги задоволите потребите на вашата политичка партија и тоа е така. Знаете дека излегоа еден куп решенија за непотизам, а тоа се илјадници вработувања на ваши блиски и сега велите прво Законот за администрација. Секаде се ваши партиски кадри, прашањето ми е во законот не можете вие само да ставите само за раководителите морате да ставите за целата систематицазија и начинот и постапките. Сите оние вработувања одат од вашиот штаб и вие сте свесни за тоа, вели Мисајловски.

Тој додава дека непотизам има во секоја пора од општеството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This