НЕПОТИЗАМ НА ВРВНО НИВО: Близок роднина на министерката за образование е еден од директорите на М-НАВ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што пренесува Телма, според Законот за спречување судир на интереси под блиски лица е впишано дека се сите кои се во брачна или вонбрачна заедница со службено лице, роднини во крв по прва линија и во странична линија до четврти степен, роднини по сватовство до втор степен како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има приватен интерес.

Еден од директорите на Државното воздухопловно претпријатие е зет на Министерката за образование, Рената Дескоска. Таа за Телма потврди дека Николче Тасески кој е избран за член на управен одбор на М-НАВ и во исто време извршен директор е нејзин близок. Сепак во ова не гледа судир на интереси, пренесува Телма.

Владата не ги бира директорите на М-НАВ, туку Надзорниот одбор. А Надзорниот одбор потоа ги бира директорите. Согласно Законот за спречување конфликт на интереси, изземање се прави кога гласате за лице со кое сте во блиска роднинска врска, а не и кога се гласа за некој кој потенцијално во иднина би одлучувал за избор на некој ваш близок. Во моментот кога се гласа за надзорен не се ни знае кој ќе биде избран за член на управен односно за директор. Така што тука нема конфликт на интереси.

Како што пренесува Телма, според Законот за спречување судир на интереси под блиски лица е впишано дека се сите кои се во брачна или вонбрачна заедница со службено лице, роднини во крв по прва линија и во странична линија до четврти степен, роднини по сватовство до втор степен како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има приватен интерес. Законот за спречување на корупција пак вели дека кога функционер ќе дознае за околности што укажуваат на судир на интереси треба да побара изземање.

Сепак овде се отвара прашањето дали Дескоска знаела или не знаела дека надзорниот одбор за кој гласала на седница на влада на 3 ти август, ден по тоа ќе го избере за директор нејзиниот зет. Тасески за Телма вели дека не се меша во одлуките на Надзорниот одбор и дека тој на оваа функција дошол на предлог на претпријатието како човек со повеќе од 20 години работно искуство. Од антикорупциската денеска не сакаа да го коментираат овој случај, оти не се запознаени со него. Ни од невладината Транспарентност не сакаше да го коментира оти не е информирана за случајот. Но од таму ја искоментираа постапката на секретарот на на Владата Драги Рашковски кој се потпишал до прешкртаното име на еден член на надзорен одбор и додаден во ракопис друг член, зашто како што објасни, се работело за техничка грешка во одлуката на владата, пренесува Телма.

Инаку Телма веќе објави дека надзорниот одбор на М-НАВ бил избран три дена пред распишување на изборите, а управниот и директорите ден пред нивно распишување. На одлуката на владата е интервенирано а Рашковски ова го објасни како проблем од службите. Но според документите кои ги објави Телма во регистарот се впишани само двајца членови на надзорен, но само еден од нив присуствувал на изборот на директори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This