НЕПОТИЗМОТ ЦАРУВА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА: Роднинските и пријателските врски пресудни за влез на работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство се оградува од тетовската болница. По обвинувањата за привилегирани вработувања од кабинетот на Венко Филипче ни одговорија дека јавните здравствени установи се самостојни правни субјекти.


„Здравствените установи самостојно го прават планот за нови вработувања, додека Министерството за здравство во соработка со останатите надлежни институции дава согласност“ велат во одговорот од Министерството за здравство.

Од установата пак велат дека работеле согласно законот и ангажирале лекари од дефицитарни специјалности.

„ЈЗУ Клиничка Болница Тетово ги имаше во предвид сите критериуми при вработување и тоа: успехот на кандидатите, возраста на кандидатите, изјаснување на кандидатите за нивен избор на специјалност и статусот на кандидатот дали е специјализант“, велат од Клиничката болница во Тетово.

Од тетовската болница не прецизираат што конкретно не е точно во наводите на Асоцијацијата на млади лекари која пак вели дека не е спорна примената на законот туку самиот закон кој и дава дискреционо право на комисијата за вработување. Затоа и бараат негова промена.

Проблемот со вработувањата во здравствените институции повторно се актуелизираше откако во болницата во Тетово според АСМЛ се вработени лица со привилегии, а не според знаењето и стручноста. Младите лекари обвинуваат дека воопшто не се почитувани правилата на конкурсите за вработување доктори на медицина, но и дека ова не е прв случај за вакво скандалозно вработување.Т

На објавените ранг листи се гледа дека дел од луѓето со најмногу бодови на крајот воопшто и не биле ангажирани.

За скандалот со тетовската клиника, побаравме став од лекарската комора, но од таму не сакаа да коментираат.

Од Министерството за здравство велат дека се фокусирани на на зајкнување на кадарот во јавните здравствени установи и оти во изминатиот период се вработени над 3.200 здравствени работници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This