НЕПОТИЗМОТ ЦАРУВА: Роднини, пријатели, далечни и блиски, цели семејства со миленичиња вработени во државна администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непотизмот продолжува да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа.

Последен пример за непотизам е експресното вработување на поранешниот член на ДИК, Игор Милев кој сега е ангажиран како советник на директорот на Царинската управа, со ингеренции на Помошник директор на Секторот за Контрола и Истраги, додека неговата сопруга, иако трето рангирана беше избрана за судија во Апелацискиот суд во Скопје.

Според членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски, на позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски.

Згрижување на државна сметка во АД ЕЛЕМ, добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска.

Од семејството Џафери околу овој случај на непотизам владееше молк, додека пак до семејството Грчеви, поточно Димитар Грчев на социјалните мрежи се пофали дека работи во ЕЛЕМ, статус кој подоцна го избриша, откако на него имаше голем број на негативни коментари.

-Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа. – пишува Грчев на неговиот Фејсбук профил.

Единствен критериум по кој се вработени и Милев Фрчкоски, Грчев, Џафери и Несторовски, на државни сметка, вели Божиновски, е нивната партиската заслуга. Според него, СДСМ институциите ги претвори во место за згрижување на истакнати партиски активисти на картелот.

-Непотизмот е главна карактеристика на картелот и на локално ниво. Градоначалникот на Прилеп, си ги вработи двете свои внуки и зетот на државна сметка. Директорите на институциите исто така си ги вработуваат своите сопружници и деца. Слична е и ситуацијата и во Битола. Градоначалничката својот брат си го вработи како наставник веднаш по стапувањето на функција , а по нејзин пат продолжија и директорите на останатите институциите, вели Божиновски.

Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, своите сопруги како наставници ги вработија и градоначалниците на Берово и Неготино.

Од претходно е познат и примерот со братот на битолската градоначалничка, Наташа Петровска, кој е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш откако беше поставен нов директор на училиштето од страна на градоначалник.

-Денеска ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ „Даме Груев“ е сопруга на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања, рече Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ во јануари оваа година.

Градоначалничката на Битола пак даде оправдување дека нивниот брат бил единствен пријавен кандидат на огласот за работното место наставник по математика, што според многумина звучи нереално.

Еден од последните примери на непотизам беше забележан во општина Прилеп.

-После 6 месеци, редно е градоначалникот Јованоски да и одговори на прилепската јавност: дали неговата внука Цвете Станојоска си ја вработи во Општина Прилеп? Дали другата внука си ја вработи во градинката „Наша иднина“? Се замеша ли Јованоски и во бизнис секторот, па својот зет за сестра го постави за Директор на Стопанска комора во Прилеп?, прашува Петар Ристоски, претседател на ОК Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека сите советници од владејачката коалиција се вработуваат во јавните претпријатија во градот, кои нели според СДСМ кога беше опозиција беа пренатрупани.

Невенчаната сопруга на градоначалникот на скопско Шуто Оризари Курто Дудуш, Фатима Османовска, е претседателка на Советот на општината. Таа ја добила функцијата откако во декември лани бил разрешен Ѓеѓе Демировски кој беше и носител на листата на СДСМ за локалните избори, објави порталот Плусинфо.

Демировски останал само советник, но ни таа функција не ја задржал долго бидејќи и од неа бил разрешен. На негово место како советничка во Советот на Шуто Оризари влегла следната кандидатка од листата односно Сунита Сали чиј сопруг, Измир Сали, исто така, е советник.

Ваквите промени во составот на општинскиот совет кои се случиле за нецели шест месеци по промената на локалната власт ги потврдува и Демировски.

– Јас сум член на Социјалдемократскиот сојуз, за ова не е виновен ниту претседателот Зоран Заев ниту централната власт која ја поддржувам за разлика од локалната. Не го поддржувам криминалот и митото кое се зема во општината и затоа бев повлечен – вели Демировски за Плусинфо додавајќи дека тој бил еден од клучните луѓе кои ја донеле победата на СДСМ во неговата општина.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека единствен услов овие луѓе да се вработат во институциите на државата е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДСМ и роднинските врски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This