April 20, 2024, 11:27 am

(НЕ)ПРАВДАТА НА СДСМ: Полицаецот кој беше нападнат од активисти на СДСМ, се соочува со закани од судската полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Откако се извлековме и од ова, пред штабот на СДСМ бевме пречекани од друга група којашто удираше по возилото, но не застанавме и се упативме во полиција при што го пријавивме случајот, вели Цветановски.

На 15-ти октомври 2017 година во мојот дом во Свети Николе на полноќ со околу 30 до 40 возила, дојдоа над 100 приврзаници на СДСМ, го опколија станот, фрлаа со разни предмети, се прекачуваа по терасата, упатуваа смртни закани кон мене и моето семејство, повикуваа на линч, го скандираа моето име викајќи дека ќе ме носат во Шутка. Го демолираа влезот и тропаа по влезната врата заканувајќи се дека живи ќе гориме. Насилно ме извлекоа од дома и физички ме нападнаа, а откако преплашен истрча надвор и мојот син кој се молеше да ме пуштат го нападнаа и него, сведочи Орде Цветановски кој како што вели животот му бил загрозен неколку пати како учесник во војната во Хрватска, во конфликтот во државава во 2001 година, а на денот на изборите минатата година бил на тест дали ќе ги заштити најблиските.

Тој додадава дека откако се разбегале тие се качиле во возило и се упатиле кон полицијата, но ги следеле 3 возила, а на првата раскрсница блокирани и повторно нападнати.

-Откако се извлековме и од ова, пред штабот на СДСМ бевме пречекани од друга група којашто удираше по возилото, но не застанавме и се упативме во полиција при што го пријавивме случајот, вели Цветановски.

После овој немил настан потребни беа повеќе од 4 месеци полицијата и обвинителството да го расчистат случајот.

-Потоа ме известија дека против мене ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, а додека против лицата кои учествуваа во настанот се уште нема никаква пријава зошто нема докази. Исходот од целиот настан е кривична пријава против мене за насилство и неколку приватни тужби со образложение дека сам сум ја загрозил сигурноста на учесниците во толпата која броеше над 100 лица, претставувајки дека се тие жртви во случајот, објаснува Цветановски.

По ова, на 28 февруари годинава, Цветановски поторно се соочува со закани и тоа од судска полиција, кога се појавил на рочиште.

-Кога се пријавивме кај судскиот полицаец наместо да не спроведе, пред очи ми покажа среден прст и почна да ми се заканува дека ќе не нема фалеjќи се дека сега се на власт, со гради ме турна и замина по ходникот. Но за да биде ситуацијата уште полоша, повторно дојде пред судница на вториот кат и во присуствно на мојот колега, обвинителот на ОЈО Свети Николе, тројца адвокати и неколку странки започна да ме пцуе, навредува, да ме омаловажува, заканува и физички ме нападна давејќи ме со раце за врат и отурнувајќи ме во ѕидот со што ми нанесе и телесни повреди, и ми го наруши угледот и човечкото достоинство, сведочи Цветановски.

Судењето било одложено, но епилогот се нови три кривични пријави за Цветановски.

Наместо да го расветлат случајот, дополнително на Цветановски, му се врши притисок од надлежните во полицијата.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This