НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ДО ГРУЕВСКИ: СЈО ми понуди лажно да сведочам во замена за мојата слобода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот политички дисидент во Унгарија, Никола Груевски во своето ексклузивно интервју за Инфомакс обзнани скандалозна информација дека од Специјалното Јавно Oбвинитeлcвo на Катица Јанева добил непристоен предлог да стане нивен соработник во замена за неговата лична слобода. Тој категорично го одбил предлог на СЈО како што вели лажно да сведочи против неговите поранешни соработници во замена за неговата слобода. 

Во СЈО на пример има редица случаи каде што ги викаат луѓе кажи нешто против тој и тебе ќе те ослободиме. Впрочем и мене ми се случи и јас бев повика во СЈО. Ми дадоа понуда неофицијално, јас бев повикан за друго, бев повикан за да ме информираат какви две постапки ми почнуваат, обвиненија во предистражна постапка беа, требаше во истражна да поминат. Заврши тој дел и ајде сеа као на кафе малку да седнеме да позбориме и во тој дел, таа ситуација ми беше јасно дадено до знаење дека очекуваат, посакуваат да им помогнам со информации за некој луѓе. Прво почнаа да зборуваат за мене, јас им кажав немате ништо, затоа што и нема ништо ова што го правите е недозволено, еден ден ќе се каете, ме малтретирате тука, немате никакви докази за тоа што сакате да го постигнете со мене, зборам на неофицијалната средба, не на официјалната. Тие ми велат ,,добро еве можеби немаме за тебе ама помогнете ни за другите, ти знаеш се”. Јас им одговорив јас не можам да ви помогнам, некого да го направам крив, виновен ако не е. А овие што вие ми ги спомнувате, овие луѓе тие немаат никаква вина, тие работеа, дадоа се што можат да направат за државата, ги почитуваа законите сега се предмет на хајка, извинете не можам да ви помогнам. И добро рекоа не им беше драго, но си продолжи прогонот против мене.

 

Груевски сепак забележи дека има луѓе кои што во ваква ситуација одговориле поинаку, им ветиле слобода ако дадат ,,информации” за некој друг или за првиот, мислејќи на самиот себе. Дојде време вели тој кога на луѓето им местат да се виновни, а тие не се,  им накалемуваат дека се виновни им втеруваат страв и се подготвени да наместат некој друг иако знаат дека ниту тој е виновен.

 

Екс премиерот го спореди сегашното време во Македонија со некои други времиња од 1948/49-та година и прогонот кој го спроведувале комунистите по крајот на Втората Светска Војна, додавајќи дека можеби е и полошо.

 

Во СЈО вели тој е врвот на непотизмот, сите се или деца на oбвинитeли, cyдии, вработени во медиуми, нема случајно вработен лик.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This