НЕПРИЈАТНАТА БОЛКА ЌЕ СТАНЕ МИНАТО:Домашен лек за проширени вени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болките во нозете и попуштените вени кои ви даваат чувство на непријатна болка и тежина во нозете е проблем кој ќе биде минато со овој народен рецепт.

Болките во нозете и попуштените вени кои ви даваат чувство на непријатна болка и тежина во нозете е проблем кој ќе биде минато со овој народен рецепт.

Потребни состојки:

– 15 г прополис
– 10 г кантарион (само цвет)
– 50 г линцура
– 50 г рузмарин свеж
– 15 цвета зелен планински чај
– 50 г мајкина душица
– 1 ½ ракија (50-55 степени)

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во стаклено поголемо шише. Шишето убаво се затвора, па се завиткува во црна кеса. Шишето се чува 40 дена во фрижидер, или закопано во земја.
По изминати 40 дена, се прецедува, и се пие трипати на ден по половина ракиена чашка.

Лекување на проширени вени со зелени домати

Зелениот домат е едноставен народен лек за борба против варикозни вени. Неопходно е да се измијат неколку зелени плодови и да се исечат на кругови.

Парчињата домати се ставаат врз вените и врз капиларната мрежа и се фиксираат со завој.

Оставете да делува доматот додека да почуватвувате пецкање на кожата.

Ако не можете подолго да издржите, отстранете ги облозите и измијте се со ладна вода. Но, доколку ја поднесувате процедурата, резултатите ќе бидат видливи за кратко време. Постапката повторувајте ја 5 пати дневно, едноподруго.

По само две седмици упорно спроведување на третманот, ќе забележите дека венските чворови ќе започнат да се намалуваат, а со време ќе исчезне и капиларната мрежа и болката во нозете.

Лекување на проширени вени со црвени домати

Постапката е многу слична со претходната. Зрели домати се мијат па се сечат на тенки кругови, па се ставаат на болните вени да отстојат 3-4 часови, фиксирани со завој. При следниот третман, доматите треба да се заменат со свежи. Оваа постапка е најдобро да се спроведува навечер или во текот на ноќта.

Времетраењето на третманот е индивидуален. Можете да го спроведувате преку цело лето во комбинација со зелен домат.

Доматите поседуваат лековити својства, бидејќи покрај семето, содржат и една супстанција која е многу слична на ацетилсалицилната киселина (аспирин). Оваа киселина се смета за антикоагуланс кој ја разредува крвта и не дозволува нејзина стагнација.

Покрај тоа, доматот содржи флавоноиди, кои ги јакнат ѕидовите на крвните садови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This