НЕПРИJAТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Синот на Лепа Брена добил нecекојдневен подарок од обожавателка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на Лепа Брена откако се појави на сцената, се повеќе станува популарен и има фанови.

Така деновиве на вратата од својот стан, Живојиновиќ добил изненадување од своја обожавателка.

Имено, Стефан брзал на снимање на една емисија, а пред вратата од неговиот стан нашол долна облека.

„Не знаеше што да прави со тоа, а потоа виде порака со број од мобилен телефон, без потпис. Тој е навикнат да добива подароци. Се случуваа такви работи и пред да стане популарен меѓу фановите. Меѓутоа, не добивал ваков вид на подароци“ вели извор близок на пејачот и додава:

„Тој сфати дека неговите фанови дознале каде живее, а меѓу нив може да има пocесивни. Свесен е дека некој го cлeди, а тоа не е пријатно“ раскажува изворот.

За потсетување, Живојиновиќ неодамна ја издаде песната „Од вечери до јутра“.

Инаку, Стефан пред некое време во интервју за „Слободна Далмација“ првпат отворено проговори за животот на висока нога, за уживањето во богатството на славните родители.

– Детството ми изгледаше како да сум во Дизниленд. Мене и на моите браќа никогаш ништо не ни фалеше, секогаш одевме на егзотични патувања, родителите ништо не ни забpaнуваа, но сите тие привилегии и тоа како моравме да ги оправдуваме со своето однесување – раскажа Стефан.

– Кога бев дете, мајка ми често ме носеше на нејзините концерти. Бев фасциниpaн од умешноста со која така лесно ја освојува публиката. Сепак, не барам често совети од нејзе. Сакам да сум свој – откри Живојиновиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This