НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2020 ГОДИНА: Шест продолжени викедни оваа година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2020 година ќе имаме вкупно шест продолжени викенди. Граѓаните од православната вероисповед во првиот продолжен викенд ќе можат да уживаат за неколку денови бидејќи 6-ти јануари (понеделник) и 7-ми јануари (вторник) по повод божиќните празници се неработни.

 

 

 

 

Продолжен викенд ќе има и за Денот на трудот, 1-ви мај кој е во недела поради што неработниот ден се префрла в понеделник така што граѓаните ќе одмораат во уште еден продолжен викенд.

Во продолжение погледнете ја комплетната листа на сите неработни денови согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020-та година:

За сите граѓани на РМ
– 1 јануари (среда), Нова година;
– 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
– 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
– 1 мај (петок), Ден на трудот;
– 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
– 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
– 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
– 8 септември (вторник), Ден на независноста;
– 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
– 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
– 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед
– 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ;
– 19 јануари (недела), Богојавление (Водици);
– 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
– 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
– 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед
– 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
– 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
– 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед
– 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
– 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
– 27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
– 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
– 23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
– 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
– 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
– 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This