НЕРВОЗИ, КАВГИ И ЗАКАНИ: Арбен Таравари се заканувал на вработените во министерството и клиниките дека „ќе летаат глави“ ако протече уште една информација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Смртта на бебињата ниту е, ниту некогаш била примарна грижа и одговорност на министерот за здравство Таравари. Она за што тој се нервира и е загрижен е неговиот личен рејтинг, кој поради трагедијата, и несоодветното покривање и заташкување на случаите му нанела голема штета

 

Обидите за заташкување на трагичните случаи во кои починаа 11 бебиња за 10 дена, немаа ефект, а ПР тимот на Арбен Таравари бил прв на удар. Како што дознаваме, Таравари бил лут и на новата директорка во медицинскиот центар во Охрид, бидејќи дозволила информацијата за малата Анастасија да протече во јавноста, што предизвикало сериозен удар на неговиот рејтинг.

Неофицијално, Таравари и новата директорка имале вжештен телефонски разговор, во кој што се заканувал дека ако протече уште една информација ќе ги брка од работа. Во меѓувреме, Таравари отворил и интерни истраги за да се пронајде „молецот“ кој ги издавал информациите.

Истото се случувало и на скопските клиники, каде што со закани се обидувал да ги заплаши и запре сите оние кои ќе ја информираат јавноста за недоследностите и хаосот кој се случува во здравството.

Дополнително, како што неофицијално дознаваме, Таравари на свој близок соработник му се доверил дека „киксот“ со трите бебиња во тетовско ги чинел 100.000 евра, кои наводно биле исплатени на семејството со барање да молчат и случајот да не го експонираат медиумски.

Претходно, се заканил и на ПР тимот кој го води фејсбук писателот Коста Петров, со зборовите дека „ќе летаат глави“ ако протече информација за уште едно починато дете. Зборувал дека „тој Коста“ земал многу пари, давал глупави идеи, а во јавноста Таравари веќе е етаблиран како неспособен министер. Според Таравари, неофицијално, идејата за промоција на тројазичните табли била токму на Петров со образложение дека „албанците не се разбирале многу“, па на тој начин ќе се префрлело вниманието од родилката и трите бебиња, а ќе се зборувало за таблите.

 

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This