April 25, 2024, 10:59 am

НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО СЕКОЈА ОПШТИНА: Освен фалсификуваните записници, на денот на избори во Шуто Оризари СДС поставиле штанд пред избирачко место!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот круг од локалните избори помина со низа нерегуларности. Поткуп, гласање во туѓо име, бугарски воз, но и партиски штандови пред избирачки места на коалицијата предводена од СДСМ.

 

Во општина Шуто Оризари речиси на секоја улица се забележани партиски штандови на кандидати за градоначалници од две политички партии, информираа од невладината организација „Цивил“ за време на изборниот процес.

Според објавените слики, иако тие се замаглени, може да се види дека станува збор за кандидатите Петре Шилегов и Курто Дудуш.

На социјалните мрежи можеше да се забележи како гласачите на Шуто Оризари на своите профили поставуваат фотографии од штандовите на кандидатите за градоначалници.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас во Шуто Оризари имаат 23.289  граѓани.

На првиот круг од гласањето во таа општина правото на глас го искористиле 9.435 жители.

Фото: ЦИВИЛ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This