April 25, 2024, 12:02 pm

Несекојдневна и убава глетка – Фламинга долетаа на Преспанско езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет розови фламинга викендов го посетија Преспанското Езеро. Птиците беа забележани во Езерани, каде поради нискиот водостој тие имаа соодветни услови за одмор, за време на миграцијата, соопштија од Македонското еколошко друштво.

Нашите еколози појаснуваат дека фламингата не се гнездат во Македонија, но се случува да направат прелет при миграцијата. Видени се повеќе пати, од кои за прв пат за нивно присуство кај нас е документирано во деведесеттите години, повторно на истото место во Езерани. Овој пат Фламингата е беа млади односно беа една возрасна единка и 4 млади. Бидејќи овие птици гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, биолозите не можат да проценат во кој правец ќе заминат овие птици по краткиот одмор на преспанското езеро.

„Добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат. Затоа секогаш е возбудливо да се истражува Езерани за време на миграција“ – изјави Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво.

Подрачјето Езерани е заштитено повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба која внимава на оваа локација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This