НЕСОГЛАСУВАЊА КАЈ РЕЖИМСКИТЕ НОВИНАРИ: Насер Селмани го обвини Атанас Кировски за медиумски рекет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Здружение на новинари, Насер Селмани, објави ФБ коментар, во кој, главниот уредник на Телма, Атанас Кировски, го обвинува за медиумски рекет.

Селмани вели:

-Атанас Кировски поранешен новинар и директор на Телма телевизија, јавно потврди дека националните телевизии се пропаганден сервис на секоја власт. Денеска и сугерира на владата да им дале пари за медиумска пропаганда инаку ќе им пропаднел референдумот.

Ова со други зборови се вика медиумски рекет, дајте ни пари ако сакате да ви успее референдумот! А јавниот интерес каде остана?! -прашува Селмани.

-Овие медиуми беа и останаа најсилен столб на заробената држава затоа што освен служење на партиски и политички интереси, друго не знаат да работат. Не знаат да водат медиумски бизинис во капиталистичко општество, за нив времето запрело во Сојузот на комунисти!-пишува претседателот на ЗНМ.

-Мил мој Саки, референдумот нема да пропадне поради немање на медиумска пропаганда, туку може да пропадне поради немање јасна стратегија од владата како да им објасни на граѓаните зошто треба да го поддржат договорот со Грција.

Кировски лаже кога тврди дека само 15 посто од граѓаните се информирале од социјални мрежи. Истражување на мислењето на публиката од АВМУ во декември 2017 покажува дека 54 посто од граѓаните надневна основа се информаираат од интернет, а 60 посто од телевизиите.

Саки, читај малку, информирај се!- му се обраќа на директорот на Телма, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

На обвинувањата Кировски одговори на профилот на Селмани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This