НЕСПОРЕДЛИВА Е РАЗЛИКАТА: Ова се најкатастрофалните 100 дена во историјата на Македонската политика – неспоредлива е разликата помеѓу 100-те дена на ВМРО-ДПМНЕ и овие на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mожеме да забележиме дека одредени медиуми се обидуваат преку наративот дека 100 дена е прекраток период да се почуствува работењето на новата влада, да го оправдаат тоа неработење. Нашиот став е јасен и преку оваа прес конференција е недвосмислено истакнат. Можеме да кажеме дека станува збор за најкатастрофалните 100 дена која што некоја влада во Република Македонија од осамостојувањето до ден  денеска ги имала. Станува збор за политичко и економско цунами кое што и се случува на државата.

Ова е коментарот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прашањето- Имаше ставови дека 100 дена е краток период за реализација на проектите. Ваш коментар?

-Влада која што ја предводи најнеспособниот претседател на истата, којшто вчера придружуван од  најнеспособните министри се успеа преку одредени памфети да и презентираат на македонската јавност што не успеале да сработат во изминатите 100 дена. Ако сето тоа го споредите со она што го сработиле владите на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година па наваму ќе видите дека станува збор за споредба помеѓу некоја огромна вредност со некоја многу мала и минорна вредност, рече Мицкоски и додаде:

„Јас ќе ја искористам оваа прилика да споменам неколку такви проекти да речеме во привите 100 дена изминатите влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ го воведоа концептот на субвенционирање во земјоделието во првата година во 2006–та година започнавме со нови 120 милиони евра за потоа да достигнеме бројка од 140 милиони евра. Потоа го воведовме концептот на намалени акцизи, намалени даноци, рамен данок, нула данок за реинвестирана добивка. Дури во првите 100 дена во 2006-та година започна со изградба првата фабрика во технолошко – развојните зони, во Технолошко-развојната зона Бунарџик. Потоа тука се на меѓународен план можеме да ја споменеме во првите 100 дена во 2008-та година е демаркацијата на границаата со Косово, привршување на преговорите за визната либерализација. Студените исто така не беа заборавени. Беше субвенциониран, односно се овозможи бесплатно возење во јавен градски превоз за студентите и средношколците. Потоа започна реновирање на студентските домови, таков е студентскиот дом ”Невена Георгиева – Дуња”. Имаше многу проекти кои што во минатото , во првите 100 дена имаа суштинско значење за граѓаните, а во насока на подобрување на квалитетот на нивниот живот. Тука исто така можеме да ја споменеме и зголемување на платата во 2008-та година за 10%. Навистина едно чудо реформи, едно чудо проекти кои што владите на ВМРО-ДПМНЕ во минатото ги реализирал и ако тоа го споредите со овие 100 дена кој што оваа најнеспособна влада го направи во оваа држава, тогаш можеме да споредуваме црно со бело. Навистина немаме параметри со кој што можеме со тоа да го споредиме“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This