НЕСПОСОБНИТЕ ГО УБЕДУВААТ НАРОДОТ ДЕКА НЕМА АЛТЕРНАТИВА: Неспособните политичари, своето неработење го кријат со немањето алтернатива на ЕУ и НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Те дискриминира политичарот Албанец кој во 21.век не ти гради водовод, а не Македонците“ – вели Милош Милошовски во подкастот „Ќорсокак“ на Инфомакс, додавајќи дека во Македонија се шири пропаганда на намерна поделба на граѓаните по етничка линија. Според Милошовски, постојаното повторување на флоскулата дека „нема алтернатива“ е едноставно оправдување за неспособноста на политичарите, кои го убедуваат народот дека лошата состојба во која се наоѓа државата не е поради нивната неспособност, туку дека не сме во ЕУ и НАТО.

 

„Од 30 најбогати земји, 21 држава се земји со помалку од 10 милиони луѓе народ. Значи тука доаѓа Луксембург, Сингапур, Норвешка, Шведска, Ирска. Ирска е исто така со најдобар стандард, мала популација, една од најбогатите држави. Зошто Македонија не може да пркне 27.години, кој на нас ни треба, Св.Петар ли треба да се симне од небо за да ние тргнеме напред. Никој не ти треба, треба да се фатиме за работа. Сериозно треба да си го промениме менталитетот, начинот на функционирање, начинот на размислување и да тргнеме напред“ – вели Милошевски во својот подкаст „Ќорсокак“.

„Политичарите својата неспособност ја кријат, затоа нема алтернатива. Значи нас не може да не биде не затоа што јас не знам да работам него затоа што не сме во ЕУ и НАТО“, вели Милошевски и додава – „Не можат Албанците да просперираат во Македонија, зошто – затоа што Македонците ги дискриминирале. Не, те дискриминира Албанскиот политичар кој што не ти прави водовод во 21.век“ – објаснува Милошевски.

Подкастот можете да го гледате вечерва во 19.00 часот на фејсбук страницата на Инфомакс.мк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This