НЕСПОСОБНОСТА НА СДСМ ЕСКАЛИРА: Изгореа пет куќи и еден загубен живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособноста на СДСМ да се справи со пожарите ескалира. Пет куќи изгореа до темел во с. Могилец и граѓаните останаа без своите домови, а десетици се евакуирани токму поради непреземањето сериозна акција од страна на власта. Дополнително, МВР соопшти дека вчера изгорено човечко тело е пронајдено во близина на скопското село Љуботен и допрва ќе се испитува дали и во тој случај затаиле институциите и можеле да го спречат трагичниот и фатален исход. И додека граѓаните се во паника и страв за своите домови и животи, СДСМ продава историја, воведува двојазичност и менува директори на институции за да вработи свои партиски војници.

Консензуално е мислењето на експертите и искусните работници дека во случајот со пожарите, СДСМ навистина можеше да направи повеќе. Наместо да свика кризен штаб, на Заев му беше поважно да се слика со странски политичари, да потпишува антидржавни договори со Бугарија и да воведува двојазичност во Македонија.

Граѓаните паметат дека во 2007 и 2008 година кога имаше големи пожари, целаа Влада се организираше по региони да помага и координира реакција на институции.

Илјадници пожарникари, доброволци, авиони од Хрватска, хеликоптери од Бугарија, цистерни од Грција, друга помош од Србија и од каде уште не, вистинска „артилерија“ за справување со пожарите тогаш беше овозможена само поради функционирањето и посветеноста која ако не е со силна волја, од срце и душа да им се помогне на граѓаните, не може да биде реализирана. Тогаш немаше ниту жртви, ниту запалени куќи, ниту луѓето беа оставени на цедило бидејќи се работеше деноноќно. Владините претставници дури и преспиваа во други градови во кои ги координираа активностите за справување со големите пожари.

Оваа година пред очи имаме комплетно поинаква слика. Наместо итни седници за пожарите и масовна мобилзиација за помош, СДСМ ги игнорира и со нив се справува бегло и неспособно, што резултира со граѓани кои во пожар ги губат своите домови и за жал животи.

Наместо целата армија да е на терен, заедно со специјалните полициски сили, ДЗС, да се формира кризен штаб, Заев е преокупиран со партизација на државата, смена на директори и поставување партиски кадри. Граѓаните со денови повикуваа за помош, а Центарот за управување со кризи ги игнорираше и ги остави сами да се справуваат со огнената стихија. Поважни беа законот за двојазична Македонија и кој од коалиционите кое директорско место ќе го добие во бранот на брутална партизација на државата од страна на Зоран Заев.

Македонија гори веќе 13 дена, горат куќи, далеководи и цели планини, а Заев и Шекеринска вечераат во Воденица со Красимир Каракачанов. Илјадници хектари шума отидоа во неповрат, додека челниците на СДСМ како приоритет си поставиле цел да ја редефинираат македонската држава, со штетните договори со Бугарија и реализирањето на тиранската платформа. Додека граѓаните се евакуираат со страв дека никогаш веќе нема да влезат во својот дом, СДСМ има вечерни пијанки со луѓе кои се декларирани негатори на се што е македонско.

Дополнително, сега кога горат стотици илјади дрвја и цели планини, ги нема паркобраните, ниту дежурните еколози и платените НВО милионери. Целосен молк владее од сите оние кои до вчера жестоко се бунтуваа против претходната власт. Каде се паркобраните на СОРОС кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат кога гори во Македонија?

Ваквата врвна неажурност и неспособност на СДСМ отиде предалеку, во само еден ден изгореа 5 куќи и има една човечка жртва, а Заев наместо да се зафати со работа да не изгори цела држава, се шета во Охрид по кафани и промовира двојазична Македонија.

Експертите предупредуваат дека доколку не се локализираат пожарите сега, во септември ќе биде многу многу пострашно. Но, водејќи се од искуството од струшката депонија која СДСМ сеуште не може да ја изгаси, со право се стравувањата дека „републиката во пламен“ ќе стане вистинско хороро сценарио поради незаинтересираноста и неспособноста на владата на Заев за решавање на овие катастрофични ситуации.

За ваквото однесување, негрижа и неажурност и затајување на институциите кои резултираа со материјални жртви, а не е разјаснета нивната улога и во случајот со човечки жртви односно дали можеле да спречат да се случи катастрофалното сценарио, власта мора да понесе најмалку морална одговорност.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This