НЕСТАБИЛНОСТ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Неуспешни обиди на Заев за смирување на страстите помеѓу владината коалиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се разгорува огнот во владината коалиција. Обидите на Заев за смирување на страстите се неуспешни .Со вчерашното  гостувањето на Зијадин Села во емисијата  Топ Тема , на граѓаните им се потврди разочараноста и  нестабилноста помеѓу коалиционите партнери на СДСМ,како и каменот на патот помеѓу Села и Ахмети – пишува порталот Денешен.мк

За напуштањето на владината коалиција ,првиот човек на Алијансата на Албанците  рече дека шпекулациите доаѓаат од кујните на ДУИ ,нивната цел е да се заплашат и изманипулираат граѓаните пред вториот круг на локалните избори.

-ДУИ не може да ги носат реформите во Владата бидејќи тие се дел од „режимот“ и треба да одговараат.Имајќи предвид дека ДУИ е во Владата како дел од стариот режим кој требаше да си замине, тие не можат на никаков начин да бидат носители на некакви реформи. Тие треба да одговараат за сите криминали кои се направени, изјави  Зијадин Села .

Првиот  човек  Алијансата на Албанците, не го криеше незадоволството од одлуката на Заев да го поддржи ДУИ на локалните избори.

– Во случајот, Заев, многу ми е смешно, не е баш смешно, тоа е болно, не е смешно. Излегува во Гостивар и вели дека со крената глава, со неколку лузни на лицето, бара поддршка за Невзат Бејта, а не знам дали беше свесен кога го кажа ова дека Зијадин Села, неговиот коалиционен партнер има неколку лузни, не на лицето, туку внатре во мозокот, што е многу пострашно од неговите лузни кои ги има на лицето. Мислам дека можеби политички неговото однесување е ок, но човечки не е ок, рече тој.

Тензијата во албанскиот дел од владината коалиција изби кога Села реши да направи коалиција со опозициската БЕСА за меѓусебна поддршка во вториот круг од локалните избори. Токму тоа беше причина ДУИ веднаш да излезе со став дека по изборите коалицијата ќе направи анализа која треба да даде одговор на прашањето дали Алијансата треба да остане дел од Владата.
Интересно е што токму албанските политички партии изгледа ќе ја водат најинтересната битка во вториот круг и меѓусебно ќе си ги одмеруваат силите, со оглед на фактот што најголемите единици на локалната самоуправа каде што градоначалници редовно се етнички Албанци првиот човек на општината ќе го бираат во недела.
И самиот Села ќе се бори против ДУИ во Струга, а неговиот сопартиец Таравари со Невзат Бејта во Гостивар. Со поддршката од Села, математиката од првиот круг вели дека интересна битка меѓу ДУИ и БЕСА може да има и во Чаир и Тетово.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This