March 29, 2024, 12:15 pm

НЕТАНЈАХУ ОДРЖА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДОКАЗИ: Нетанјаху тврди дека Иран ја префрлил програмата за нуклеарно оружје на тајни локации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според премиерот, Израел има доказ за “тајна” иранска нуклеарна програма.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран континуирано го проширува спектарот на своите нуклеарни проектили. Според изјавата, Израел има илјадници документи кои откриваат како Техеран, наводно, го лажел светот по потпишувањето на нуклеарниот договор.

Нетанјаху рече дека Иран ги криел своите архиви во врска со нуклеарното оружје во 2017 година.

На 14 јули 2015 година, Европската унија и групата земји П5 + 1 – Кина, Германија, Франција, Русија, Обединетото Кралство и САД – го потпишаа Заедничкиот сеопфатен план за акција JCPOA, исто така познат како Иранскиот нуклеарен договор, со Техеран. Договорот предвидува постепено укинување на санкции против Иран, а во замена Техеран треба да прекине со нуклеарна програма и да овозможи инспекции за да се осигура дека природата на програмата е мирна.

Нетанјаху ја поздрави намерата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати изрази загриженост во врска со одржливоста на договорот. Ако договорот JCPOA, кој се смета за еден од најголемите достигнувања на поранешниот американски претседател Барак Обама, не претрпи промени Трамп изјави дека САД може да се повлече од договорот.

Израелскиот премиер го осуди договорот како “историска грешка”. Без да биде поддржан од меѓународната заедница во тоа време, тој инсистира на тоа дека договорот ќе го потврди статусот на Иран како нуклеарна сила. Нетанјаху, исто така, изрази загриженост дека укинувањето на санкции против Иран ќе и овозможи на земјата да ја зголеми поддршката за своите сојузници низ Блискиот Исток, вклучително и милитантни групи во Либан, Сирија и Јемен.

Иран традиционално го смета Израел како една од најголемите закани за нејзината безбедност.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This