April 18, 2024, 10:23 pm

НЕТАНЈАХУ ПОЧЕСЕН ГОСТИН ВО МОСКВА: Израелскиот премиер Нетанјаху ќе присуствува на парадата на 9 мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува во Русија на 9-ти мај и се очекува да присуствува на парадата на Денот на победата, објавува прес-службата на Кремљ.

“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува во работна посета на Москва на 9 мај. Тој е поканет на воената парада по повод одбележувањето на 73-годишнината од победата во Големата патриотска војна”, се вели во соопштението од прес-службата.

Нетанјаху, исто така, ќе оствари разговори со рускиот претседател Владимир Путин, како што се вели во соопштението.

Претходно оваа недела Бенјамин Нетанјаху одржа телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Канцеларијата на израелскиот премиер. Според изјавата, двајцата водачи разговарале за нуклеарната програма на Иран, сириската криза и се согласиле да се состанат што е можно поскоро.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This