НЕТАНЈАХУ ТРЕБА ДА УЧИ ОД МАКЕДОНИЈА: Израелскиот премиер ги искритикува САД, другиот ден Јавниот обвинител отвори кривична истрага!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ги користи механизмите и прави политичка криза во Израел. По нарачка на администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама, покренато е обвинение против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој деновиве испрати низа критики кон американскиот државен секретар Џон Кери. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, е остро против одлуката да се покрене постапка против Нетанјаху.

benjamin-640x653

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата го критикуваше говорот на американскиот државен секретар Џон Кери кој го оцени како пристрасен и против Израел, обвинувајќи го дека е опседнат со прашањето на израелскиот населби чие градење во петокот го осуди резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации, а за што израелските власти ја обвинуваат администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама која првпат по многу децении се воздржа од ставање вето за резолуција против Израел.

„Како и резолуцијата на Советот за безбедност која државниот секретар (на САД, Џон Кери – з.р.) ја истакна во ОН, неговиот говор беше насочен против Израел. Во рок од еден час тој опсесивно зборуваше за населбите и само го спомена коренот на судирот, односно палестинското противење на постоењето на еврејската држава, без оглед во кои граници“, истакна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот обвинител покрена истрага против Нетанјаху

Јавниот обвинител на Израел отвори кривична истрага против Нетанјаху, објавија дел од израелските медиуми, пренесува британски Индепендент. Според информациите, полицијата во Израел истражува наводи за корупција и измама во кои бил вмешан Нетанјаху.
Обвинувањата кон Нетанјаху се поврзани со наводни донации, а израелскиот премиер исто така е обвинет и за наводни малверзации во набавка на подморници од Германија.

Трамп: Израел, издржи!

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се вклучи во актуелната кавга меѓу САД и Израел, поради одлуката на САД да останат воздржани при гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата која ги осудува израелските населби на окупираните палестински територии.

Трамп, повторно на социјалната мрежа Твитер, ја нападна администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама поради „запаливите ијзави и пречки“ кои наводно му ги поставува пред тој да стане претседател следниот месец.

Новоизбраниот претседател не ја крие својата огорченост. „Мислев дека ова ќе биде мазна транзиција – НЕ БАШ!“. Тој ја прозва администрацијата на Обама поради „тоталниот презир и непочитувањето“ кон традиционалниот американски сојузник Израел.

На крај му порача на Израел да „остане силен“ до неговото скорешно влегување во Белата куќа, сугерирајќи дека неговиот однос кон таа земја ќе биде значително попријателски.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му одговори на Трамп преку истиот канал. „Избран претседателе Трамп, ви благодарам на топлото пријателство и јасната поддршка на Израел!“

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This