НЕУСТАВНИОТ ТРИК НА ЗОРАН ЗАЕВ: Еден референдум, три прашања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Референдумот за Македонија сепак ќе биде одржан на есен, ако судите по изјавите на премиерот Зоран Заев, покрај тоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на референдумското прашање да гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договоорот помеѓу Р.Македонија и Република Грција?“

 

Претседателот на највлијателната партија Христијан Мицкоски, по состанокот на лидерите на водечките македонски партии, изјави дека ставот на неговата партија е референдумското прашање мора да биде ендозначно, како што предвидува законот, односно да треба да се однесува само на договорот со Грција.

Аналитичарот од Скопје Александар Митовски за Спутник вели дека вака формулирано пршања навистина не е по закон и тоа од повеќе причини.

„Опозицијата е во право, бидејќи на референдумосто прашање се споменуваат ЕУ, НАТО и договорот со Грција. Во вака формулирано прашање практично имаме три прашања и три референдуми. Прашањето врзано за НАТО е прашање за членство на државата во меѓународен воен сојуз, а државата да стапи во воен сојуз, граѓаните за тоа треба да се изјаснат со апсолутно мнозинство. Поточно, на референдум за стапување во воен сојуз треба да излезат најмалку 50%+1 гласач и мнозинството да гласале позитивно. Тоа е услов за стапување во НАТО, или било кој друг воен сојуз или меѓуанродна организација како Европската унија“, објаснува Митовски.

Тој апоменува дека исто така е спорно тоа што премиерот Заев рекол дека референдумот за името Македонија ќе биде консултативен, односно нема да биде обврзувачки за Владата и партиите.

„Не може прашање од суштинско значење за една држава да биде консултативен. Јасно е дека референдумот за членство во НАТО или ЕУ е обврзувачки, но тука имаме ситуација референдумот за договор со Грција, односно промената на името на земјата, тоа не е случај. Тоа е во спротивност со Уставот“ – категоричен е соговорникот.

Како што вели, опозицијата може да бара од Уставниот суд да ја разгледа уставоста на таквиот предлог на Владата и Собранието, како и уставноста на резултатите од тој референдум.

„Меѓутоа, знаеме каква е тука ситуацијата и каков е судскиот систем. Судиите на Уставниот суд се политички именувани луѓе, па не верувам дека ќе дојде до анулирање на тој референдум, иако има законска основа тој референдум и тоа прашање да паднат. Можеби до тоа ќе дојде кога ќе се промени власта и кога ќе се направат некои нормални услови во државата“, порачува Митовски.

Според соговорникот, изјавите на премиерот Заев дека Христијан Мицкоски „лаже дека сака Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО“ се смешни и срамни, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија која во својот статус ги внесе аспирациите кон членство во ЕУ и НАТО.

„Целата политика на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на тоа Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, па таквите изјави на некој кој би требало да биде државник се сведуваат на чаршиски оговарања. Мицкоски е поборник на тоа Македонија да стане членка на НАТО, но пред се е легалист и бара да се почитуваат законите и Уставот, за одлуката на граѓаните за евентуално членство во Алијансата биде легитимна“, заклучува Митовски за Спутник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This