March 28, 2024, 12:53 pm

НЕФОРМАЛНА СРЕДБА ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ОЛУМЧЕВ: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се овој договор да биде спречен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев.

Претседателот Мицкоски ги соопшти ставовите за името на ВМРО-ДПМНЕ и ставовите во однос на актуелните случувања околу капитуланскиот договор на Зоран Заев.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против таквиот договор со кој се предвидува промена на Уставот со цел промена на уставното име, како и фактот што власта предводена од Зоран Заев воопшто не е подготвена да ги чуе аргументите против носењето на овој договор.

Воедно на средбата беше изразено разбирање за огромната загриженост на граѓаните околу штетниот договор и последиците кој тој ги носи.

На средбата Претседателот Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата во однос на ова прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This