April 19, 2024, 10:49 am

НЕШТО Е ТРУЛО ВО НАТО: Ердоган и Турција спремни за војна ако треба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.

– Тајната на успехот на државите се крие во подготвеноста за војна во секое време, ако тие сакаат мир.Ние сме подготвени со се со што располагаме, нагласи Ердоган на средба со амбасадорите

– Тираните на светскиот систем не може грубо да посегнуваат на нашите постигнувања, за кои сме платиле со крв, додаде тој на адреса на САД, јави ДПА.

Во истото обраќање тој рече дека државата се наоѓа под економска „опсада“ која нема ништо заедничко со економските показатели.

Тој додаде дека очекува да продлжат нападите врз турската економија. Турската лира е на нов минимум во однос на доларот (7-1).

Ердоган наведе дека акциите на САД се удар врз грбот на Анкара и дека се појавува економски терор што се води на социјалните медиуми, но според него „ќе има казни за сите предавници“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This