НЕЈМАР ПРЕКУ „Whatsapp“ ДО ИГРАЧИТЕ НА БАРСЕЛОНА: Не грижете се, доаѓам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се погласни се шпекулациите дека најскапиот фудбалер на денешницата, Нејмар не е задоволен во Пари Сент Жермен, а сите гласини велат дека тој се враќа во Шпанија.

Нејмар го известил и првиот човек на „светците“, Насел Ал Келаифи дека има намера да си замине, а овој експресно ја одреди цената, доколку некој клуб сака да го ангажира бразилецот.

Праижаните бараат неверојатни 300 милиони евра за Нејмар, а самиот тој преферира враќање во Барселона.

Каталонците не кријат дека сакаат да го видат бразилецот повторно во своите редови и за тоа се спремни да да издвојат 100 милиони евра, и да трампаат двајца играчи. Умтити, Ракитиќ, Дембеле и Кутињо се имињата кои се споменуваат за евентуална размена.

Реал Мадрид исто така е сериозно заинтересиран да го донесе Нејмар во своите редови, иако бразилецот се изјасни дека преферира трансфер назад во Барселона. Перез во трансферот на Нејмар гледа одлична шанса да се ослобони од Јејмс Родригез и Герет Бејл, плус 130 милиони евра.

Шпански „Спорт“ пак објави пораки од Нејмар на апликацијата „Whatsapp“ со група од играчи на Барселона. „Не грижете се, доаѓам“ напишал Нејмар во порката која е покажана на сите играчи на Барса вклучувајќи го и стручниот штаб.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This