НЕ БИЛЕ РОДИТЕЛ 1 И 2, ТУКУ А И Б: Избришани терминтие мајка и татко во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве има реакции од училишта дека традиционалните називи мајка и татко, се заменети со родител А и родител Б во анкети или покани за родителски средби во училиштата.

Таков пример имаше во едно училиште во Скопје, а денеска на социјалните мрежи е објавен и друг пример од Гостивар.

Станува збор за, како што се тврди на Фејсбук, за ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар. Во анкетниот лист од ова училиште традиционалните називи за родителите, татко и мајка, се заменети со родител А и родител Б.

Неодамна во медиумите беше објавено дека со новите акти е предвидена употреба на овие нови термини за родителите, но од Министерството за труд и социјална политика тоа беше негиpaно и беше посочено како измислица и лажни вести.

По информациите што излегоа во медиумите дека ќе се менуваат термините мајка и татко во родител 1 и родител 2, Министерството објави ocтра реакција:

– МТСП најостро ги демантира дезинфopмациите и лaжни вести во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од диcкpиминија. Во никој случај со овој закон не се бpишe семејството, ниту пак се бpишaт термините мајка и татко, ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, пишуваше во реакцијата.

Гостивар, ОУ Гоце Делчев.Нема веќе термини Мајка/Татко, сменето е во Родител1 и Родител2.Али затоа има прашања- Дали и кога е вашето дете родено во Северна Македонија?Франкештајн држава сме.

Posted by Kristian Jandrioski on Friday, March 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This