НЕ БИЛО ВАЖНО ДАЛИ ПАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ДВОЈАЗИЧНИ: Раководството на СДСМ нема проблем со двојазични банкноти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Не е важно дали парите се албански или македонски, важно е да дојдеме на власт и да крадеме пари од државата“ – вакви коментари се почесто може да се слушнат деновиве низ партиските штабови на СДСМ, како кажувања кои се пренесуваат од разговори помеѓу раководството на СДСМ. За време на карневалот во Струмица Зоран Заев веројатно во поднапиена состојба на своите соговорници и пријатели им рекол не е важно какви се парите, важно е да се имаат, а ќе се имаат ако се дојде на власт”, пишува Журнал.нет.

Zaev-Sekerinska1

-Опозициската партија не бара начин како и со кои методи и механизми да дојде на власт. Нашите извори коментираат дека на големо се прават планови за партиски вработувања и делење тендери, пишува Журнал.

Порталот додава дека по продавањето на грбот, химната, знамето и парите информации од СДСМ деновиве откриваат и друго сценарио позади желбата за земање на власта по секоја цена. Калкулациите за тендери, бизнис и профити се главна тема на муабет во опозициските штабови. Ваква информации брифираат членовите кои не се задоволни од СДСМ и нивното тргување со националните интереси. Информациите велат дека во СДСМ освен што се говори за пари и интерес веќе почнала постапката на номинирање на лица за листи на вработување кои по итна постапка треба да се вработатат по „брзото и лесно“ преземање на власт.

-Во период кога македонскиот народ на улица се бори да ја зачува сопствената држава и кога меѓународниот притисок е многу силен, правење бизнис калкулации и посегнување по националните симболи во контекст на пари и моќ е повеќе од дрско и безобразно, вели за Журнал Зоран П. незадоволен член на СДСМ.

Ваквото лесно откажување од македонскиот јазик и внесувањето на албанскиот јазик на официјалните државни банкноти говори за тоа дека кадрите на СДСМ ги ставаат националните интереси на последно место – многу поназад од албанската платформа и од бизнис интересите.

Во јавноста се уште е свежо сеќавањето за аферата која ја откри владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, а во кое високи функционери на СДСМ беа обвинети за местење тендери и перење пари во општина Струмица. Граѓаните ја памтат и легендарната изјава на Радмила Шеќеринска дека продажбата на ЕСМ била „бомбона бизнис„. Денес се гледа дека криминалното размислување е се уште присутно во опозициските структури.

На крајот се поставува прашањето: Дали целта на Зоран Заев за формирање влада е иднината на Македонија и интересите на македонците или пак исполнување на желбите на албанците и бизнис интересите на најблиските соработници?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This