НЕ БИЛО ДО ИМЕТО: Франција порачува влaдeeњето на пpaвото основа за отпочнување на преговорите со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија оствари голем напредок особено од 2016 година наваму. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на пpaвото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите, вели во интервју за МИА го вели францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тој во интервјуто се осврнува на Стратегијата за Западен Балкан што ја објави вчера Франција, по неформалниот самит за Западен Балкан во Берлин, што го организираа францускиот претседател Франсоа Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тимоние вели дека Стратегијата ја утврдува посветеноста на Франција на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на западнобалканските земји.

За првиот круг од изборите вели дека поминале во демократски дух, а во однос на претстојниот втор круг, ги повикува граѓаните да излезат да гласаат, и оти за нив, како што вели Тимоние за МИА, тоа „ќе преставува големо охрабрување да ви помогнеме на вашиот европски пат“.

–Франција излезе со Стратегија за Западен Балкан? Што е новитетот, односно клучната порака, што ќе ги засега земјите од Западен Балкан?

Оваа стратегија ја утврдува нашата посветеност на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Таа се темели врз очекувањата на луѓето коишто живеат во овој регион да видат вистински напредок во областа на реформите и владеењето на пpaвото. Но таа се темели и врз нашите очекувања да видиме дека напредокот се материјализира и конкретно се потврдува во пракса. Поддршката за реформата на правниот систем и генерално за имплементацијата на европските стандарди во областа на администрацијата ќе претставува конкретен придонес кон вашиот европски пат. Областите се јасно идентификувани и нашите залагања ќе претставуваат поддршка и надополнување на веќе реализираните активности во рамките на ЕУ и другите мултилатерални институции. Станува збор за мобилизиpaње на нашите напopи околу конкретните можности за соработка која ќе биде поддржана од Француската агенција за развој. Таа веќе почна да се насочува во одредени правци кои може да ја опфатат облас

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This