НЕ БИЛ ТУКА, НЕ ЗНАЕ: Хаос и во Бутел – падна дрво кое граѓаните неколкупати барале да се исече!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Бутел и Град Скопје со својата неажурност за малку не предизвикаа голема трагедија во населба Скопје Север. Имено како резултат на денешното невреме голем број на дрвја ширум Скопје настрадаа, а дрвјата во општина Бутел не се исклучок. Дрво кое претставувало безбедносен ризик во парк во населбата Скопје Север повеќе пати било пријавувано кај општинските и градските власти, но никој не реагирал на предупредувањата на граѓаните. Дрвото веќе подолг период било готово да падне, а општината не реагирала и за малку била избегната голема трагедија.

Граѓаните ширум Скопје имаат огромен број на критики до градските власт по денешното невреме, улиците се поплавени, а дрвјата оштетија поголем број на автомобили. Проблемот е што сите овие проблеми веќе биле пријавувани од граѓаните, но никој немал слух за нивните предупредувања и проблеми. Наместо со вистинските и сериозни проблеми на граѓаните, Град Скопје и Шилегов се занимаваат со паушални работи кои ги направија цел на огромен потсмев во јавноста. Таков е случајот со ваучерите за такси за оние кои малку повеќе се напиле, а се со возило. Сега Шилегов може комотно да ги укине ваучерите бидејќи огромен број на граѓани останаа без своите моторни возила и во кафеана можат сега да одат само пешки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This