НЕ ГИ ОБВИНУВАЈТЕ ДРУГИТЕ: Четири начини преку кои сами си го саботирате љубовниот живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наоѓањето на вистинска љубов, односно на сродна душа, за многумина претставува вистински предизвик.

Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Можеби вината не е кај другата страна, па треба да поработите на некои работи.

Едноставно, понекогаш, посебно кога сте во врска со „погрешниот“, постојат некои работи кои самите ги правите, а преку кои всушност си го саботирате патот до среќата и вистинската љубов…

– Ја искривувате реалноста

Ако партнерот ви каже дека не сака да се врзува или едноставно не е подготвен за сериозна врска, треба да му верувате. Немојте тоа да го разбирате како предизвик во кој тој се вљубува во вас и сфаќа дека вие сте сложувалката која му недостига во животот. Ако вие сакате врска, но партнерот истакнува дека не сака ништо сериозно, во тој случај нема потреба да продолжувате со романса.

– Одобрувате неприфатливо однесување

Партнерот ве навредува, игнорира и понижува, а вие и натаму го оправдувате?

Дали ви е јасно што овде не е во ред? Ако себеси се сметате за личност која заслужува љубов, тогаш веднаш ќе побегнете од таква личност која во никој случај не ве заслужува.

– Прифаќате помалку од она што го заслужувате

Ако сте свесни дека не сте во целост задоволни од врската во која се наоѓате, но тоа го оправдувате со ставот „може и полошо“, само си стоите на патот кон сопствената среќа. Поради тоа, важно е веднаш да ја прекинете оваа врска и да продолжите со потрагата по вистинската сродна душа за вас.

– Не знаете што всушност барате кај партнерот

Можеби се уште не сте сигурни точно кои квалитети според вас би требало да ги има идеалната личност. Тоа е сосема во ред, но тогаш нема потреба да ја форсирате дадената врска, туку да истражувате и да дојдете до заклучок што точно сакате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This