НЕ ЕДЕН ТУКУ ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ: Два последователни земјотреси вечерва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се регистрирани два земјотреси еден по друг.
zemjotres

Два последователни земјотреса вечерва во 19 часот и 53 минути повторно го потресоа Скопје и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека првиот земјотрес бил со магнитуда од 2,4, а вториот од 4,0 степени според Рихтеровата скала. Оваа информација беше неколкупати поправена од страна на сеизмолошкиот институт во Скопје, со што се создава слика на несериозност и неточност.

Првичната инфомрација според европскиот Медитерански сеизмолошки центар беше 4.8 степени по Ритхер.

Почувствувани се во Скопје и околината со интензитет на првиот од III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Претходно, земјотреси со магнитуди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.

Денешните четири земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатите два дена.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This