ПОЛИТИКАТА НА ТАРАВАРИ НА ДЕЛО: Чаушот се соочи со реалноста, откако Таравари и СДС повторно го запоседнаа здравството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Уште владее тодоровизмот во здравството“ – напиша Захир Беќири Чауш на својот ФБ профил, откако мајка на негов пријател била жртва на сообраќајна несреќа, а докторите на Ургентен не обрнале доволно внимание на нејзината состојба. Притоа, Чауш заборава дека всушност ја разби целосната пропаганда на СДС која со години го демонизираше Никола Тодоров, ликувајќи на туѓата несреќа

 

Веќе еден месец помина од поставувањето на новиот министер за здравство Арбен Таравари, кој наизглед ветуваше големи промени во здравството. Реалноста е дека Таравари досега се занимава само со евтина пропаганда и изигрување на доктор на секој пациент преку воведувањето на т.н. „Ало Таравари“.

Незадоволството на Чаушот пак, само ја доловува вистинската состојба во здравството која стана реалност токму поради негрижата на СДС. Секогаш кога СДС биле на власт, здравствените услуги паѓале во квалитет, токму поради партиските вработувања, а лекарите забораваат на нивната професионална заклетва.

Токму поради тоа беше и силната кампања против Никола Тодоров, кој како министер за здравство ги спроведе најголемите реформи во секторот, кои пак беа на штета на партиски вработените кадри во медицинската фела во Македонија. Оттаму произлезе и плукањето по реформите во здравството од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи лекарите вработени од СДС беа најподложни на ризикот од губење на работата поради недостиг на професионалност, и стандарди кои Тодоров ги воведуваше.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This